Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

Во Скопје во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје, кој синоќаво 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје.

МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повредениот пешак синоќа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди

Back to top button
Close