Лишена од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово. Oсомничена е за организатор на убиството
На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско.
Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес.
По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава.
По отпуштањето од болница, Шаини првпат реагираше во врска со настанот, оценувајќи го како обид за убиство и кукавички напад од маскирани лица. Тој побара случајот да не се политизира и да не се поврзува со каков било политички судир, нагласувајќи дека нема непријателство со никого.
„Вчера бев нападнат на кукавички начин од маскирани лица. Сакам да ве уверам дека немам непеијателство со никого, ниту пак сум ја допрел нечија чест или семејство – за тоа ми е сведок само Бог. Сме во изборна кампања, но не сакам оваа случка да добие политичка конотација. Немам политичко непријателство со никого. Ги молам органите на редот да го расветлат случајот што е можно побрзо“, изјави Шаини за Алмакос.