Лишени од слобода двајца турски државјани поради предизвикување пожар во Горно Нерези
Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 18:00 часот ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар.
-Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението.