Лишени од слобода три лица од Непал и едно од Индија, во Кавадарци
Лишени од слобода биле три лица од Непал и едно од Индија, во Кавадарци, откако по судска наредба, им бил извршен претрес од страна на полициски службеници за недозволена трговија со дрога, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 09:40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци, ги лишиле од слобода П.С.М.(40), Ш.Д.Т.(43) и Б.К.Д.(35), тројцата од Непал и Р.К.Р.(32) од Индија, кои престојувале во Кавадарци. По издадена судска наредба, полициски службеници за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци, извршиле претрес во домот каде престојувале, при што биле пронајдени и одземени една саксија со стебла НН растение, НН зелена растителна материја и НН бела прашкаста материја, појаснија од СВР Велес.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе била поднесена соодветна пријава.