Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан свечено прослави 5-годишнина

 

Со мотото да се поттикнат младите да го зборуваат и чуваат македонскиот јазик, литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан во рамките на кое егзистира и истоимената библиотека, ја прослави петгодишнината од своето основање.

На настанот на 2-ри април на кој љубителите на македонскиот пишан збор уживаа во рецитирањето на поезија и проза, беше промовиран романот “Во потрага за белиот леб” од Велика Џангаловска Гатсис како и стихозбирката “Во прегратките на љубовта” од Др. Емил Попорданоски. Според претседателот на друштвото, Наум Трајчески потребни се повеќе вакви настани за промовирање на македонското литературно творештво во Австралија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close