Литванија протерува двајца белоруски дипломати

– Литванија одлучи да протера двајца белоруски дипломати, соопшти литванското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека активностите на двајцата дипломати „не се согласно дипломатскиот статус“.

– Со таквата одлука Литванија, исто така, изразува солидарност со Летонија, чии дипломати и службеници на амбасадата во Минск беа неоправдано протерани од Белорусија пред неколку дена, се додава во соопштението.

Back to top button
Close