Ливерпул може да се раздели со пет играчи во следните 48 часа

– Ливерпул ќе се обиде да се раздели со петмина играчи во следните 48 часа. Иако преодниот рок е затворен, англиските клубови сепак можат да прават зделки до 17 часот по локално време во петок. Трикот е во тоа што играчите можат да ја сменат својата клупска припадност само во тимови од други дивизии. Со други зборови – клубовите од Премиер лигата можат да продаваат и позајмуваат играчи на тимови од Чемпионшип и пониските нивоа, како и да привлекуваат такви во спротивна насока.
Најпопуларното име со кое Ливерпул има намера да се раздели е она на Хари Вилсон. „Црвените“ сакаа трајно да го продадат крилниот напаѓач, но поставија цена од 20 милиони фунти и затоа откажаа клубови како Астон Вила, Лидс и Барнли, кои имаа интерес. Изгледа дека Вилсон на крајот повторно ќе биде испратен на позајмица, а Свонси е најверојатна дестинација.
Неговиот соиграч од Велс, Бен Вудбурн, кој минатата сезона играше на позајмица во Оксфорд Јунајтед, може да се пресели во Чарлтон или Хал Сити.
Нат Филипс, кој поголемиот дел од минатата сезона го помина во Штутгарт, исто така ќе биде префрлен во тим од Чемпионшип.
Лиам Милер и Херби Кејн, исто така, бараат нови тимови.






