Ливерпул ослабен на дербито против Арсенал

Актуелниот првак на Англија Ливерпул вечерва во Лондон го игра дербито на 21. коло од Премиер лигата и гостува кај лидерот Арсенал. Но, тимот на Арне Слот, кој не е на нивото од ланската сезона и бележи променливи резултати за овој дуел ќе има и дополнителен проблем.
На листата на повредени е едно од летните засилувања Александер Исак, а за дуелот против Арсенал неизвесен е и настапот на Уго Екитике. Французинот поради повреда го прескокна неделниот дуел со Фулам, но уште не е достапен и би било вистинско изненадување доколку вечерва се појави на теренот.
Во тимот го нема ниту Мохамед Салах, кој со репрезентацијата на Египет настапува на АФКОН. Екитике е најдобриот стрелец сезонава на „црвените“ со 11 голови, додека 8 ги има постигнато во Премиер лигата.
На табелата Арсенал е лидер со 48 бодови, а Ливерпул е на четвртото место со 34 бодови.






