Ливерпул се засили со Французинот Конате

Англискиот прволигаш Ливерпул го потврди денеска првото засилување во своите денеска за следната сезона со трансферот на Ибрахим Конате од бундеслигашот Лајпциг.

Францускиот 22-годишен дефанзивец четири години го носеше дресот на Лајпциг одигрувајќи 65 натпревари во Бундеслигата на кои постигна два гола.

Конате официјално ќе потпише договор со Ливерпул на 1 јули, откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи и ќе му биде одобрена британска работна виза.

Back to top button
Close