Ливерпул упати само два удара кон голот на Астон Вила во првото полувреме

Ливерпул е домаќин на Астон Вила, попладнево во дуел од 33. коло од Премиер лигата. По првото полувреме резултатот е 0:0, а екипата на Јирген Клоп само двапати шутна кон голот на противникот.

„Црвените“ во оваа статистичка категорија ваков лош резултат на својот стадион во Премиер лигата немаат од октомври 2018 година, кога беа домаќини на Манчестер сити.

Во минатото коло, токму Сити на Ливерпул, му го нанесе најголемиот пораз од 1998 година (4:0).

Сепак, слабите издание на Ливерпул доаѓаат, откако пред две кола веќе ја обезбеди шампионската титула, прво по пауза од 30 години.

Back to top button
Close