Ливит: Трамп не е „ниту среќен ниту изненаден“ од рускиот напад на Киев
Портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролин Ливит, денеска изјави соопшти дека американскиот претседател „не бил изненаден“ од рускиот напад со ракети и дронови врз Киев, во кој загинаа најмалку 19 луѓе.
Во своето воведно обраќање на брифинг во Белата куќа таа не го спомена рускиот напад на Киев, но подоцна, еден новинар праша дали Белата куќа го смета Владимир Путин за пречка за мирот.
Ливит одговори дека Трамп не е среќен поради нападот, но не е ни изненаден.
– Тоа се две земји кои се во војна веќе долго време. Русија го почна овој напад на Киев, а од друга страна, Украина неодамна им нанесе удар на руските рафинерии за нафта, рече таа.
Повторувајќи ги претходните изјави на претседателот, Ливит рече дека Трамп сака војната да заврши, но оти „и лидерите на двете земји мора исто така да сакаат крај на конфликтот“.
Таа додаде дека Трамп подоцна денеска ќе даде подетална изјава за ситуацијата.