Лоцирано телото на исчезнатото дете во водите на Преспанското Езеро

Специјалните нуркачки сили попладнево успеале да го лоцираат телото на 16-годишното момче кое на празникот Илинден се удави во Преспанското Езеро, дознава Сител од свои извори на терен.

Како што дознава Сител, нуркачите утрово значително го прошириле периметарот на пребарување по што телото било лоцирано во водите на езерото.

Следен чекор ќе биде извлекување на телото по што ќе може да продолжи истрагата.

Како што изјавија очевидцки, 16-годишното момче рипнало од педалинката на која пловело заедно со уште двајца пријатели. Момчето наводно скокнало во водата и никогаш не се појавило на површината. Од тогаш до денеска по него трагаа повеќе граѓани, нуркачи и специјалните сили на полицијата.

До овој момент од МВР се уште нема дадено официјална потврда на оваа инфорамација.

Back to top button
Close