Лога потпишал одлука со која на 1 септември нотарите требало да наплаќаат за десет пати поскапи услуги
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога пред да замине од функцијата потпишал одлука со која од 1 септември услугите на нотарите требало да поскапат за десет пати, обелодени новиот министер за правда, Игор Филков на првиот брифинг со новинарите. Тој веќе ја повлекол оваа одлука и новите цени нема да важат.
Според податоците кои ги презентираше Филков, оваа одлука за тарифата била донесена уште во месец февруари, но се чекало да поминат изборите. На 6 јуни, техничката влада дала одобрение, па новите тарифи биле објавени во Службен весник на 11 јуни. Цел процес, како што кажа Филков, бил скриен од јавноста, а за одлуката немало ниту официјални соопштенија, ниту прес конференција.
…