Лога: Сериозно работиме на новиот Изборен законик, на ВМРО ДПМНЕ му понудив претседателот на работната група да биде нивен предлог

Сериозни напори се прават  да се одобри новиот Изборен законик, посочи министерот за правда Кренар Лога во синоќешната емисија Клик плус на ТВ21. За да се комплетира работната група и да се убеди опозицијата, Лога рече дека на ВМРО ДПМНЕ му понудил претседателот на работната група да биде нивен предлог и дека го чека одговорот.

„Побарав да предложат свој човек за изборната реформа за да се донесе нов Изборен законик. И од она што ми беше кажано, тие ги покажаа своите дилеми колку е ова сериозно, им кажав и на гостите кои ме посетуваа, дека сум подготвен претседателот на работната група да биде предложен од најголемата опозициска партија во земјата. Тоа се крупни интереси кои ги надминуваат партиските интереси”, рече министерот Лога.

Back to top button
Close