Лога за писмото до Брисел и Вашингтон: Сакав да превенирам ВМРО-ДПМНЕ да не ги распушти советите пред да формира влада


Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, објасни зошто се решил со писмо до дел од амбасадите во земјава и до Брисел и Вашингтон да ја изрази загриженоста за најавите од ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Вели дека се плашел оти новата владејачка партија може пред формирањето влада да посегне по таков чекор.

„Јас чувствував страв, мнозинството, како по пример со ова што се случи пред два дена, додека го нема добиено мандатот од страна на претседателката, да не оди во Собрание со измени на законите без да преземе одговорност како влада“,
вели Лога.

Лога тврди дека неформално добил реакции од оние до кои е упатено писмото, како и дека партнерите чекаат да се формира влада, па да се вклучат во процесот.

„Нашите партнери ќе се вклучат во овој процес. Тие чекаат прво да се добие мандатот прво, а исто така да се формира и новата влада“,вели министерот за правда.

Во однос на тоа што лично тој минатата година иницираше престанок на мандатот на членовите на Судскиот совет, Лога вели дека тоа било разговарано и со ВМРО-ДПМНЕ, но предлогот тогаш бил одбиен од нив, со што, според него, се отвора прашањето – зошто тогаш партијата на Христијан Мицкоски била против, а сега е „за“ овој предлог во друга форма.

Back to top button
Close