Лога: Заклетвата на Сиљановска е лош пример за претседател и за професорка по уставно право

Кренaр Лога/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Тоа што го направи Гордана Сиљановска Давкова што не беше според Уставот, туку според нејзино убедување и тоа е лош пример за државник, лош пример за професорка која цел живот има предавано уставно право и на крајот кога таа седнува на таа функција и кога треба да докаже како на дело се почитува Уставот и државата, таа го направи спротивното, рече министерот за правда Кренар Лога во интервју за „Слободен Печат“.

Според Лога, ваквиот нејзин однос кон Уставот и уставното име во иднина може да поттикне и други индивидуи или цели групи кои нема да го почитуваат уставното име на државата.

„Од друга страна, тоа е лош пример затоа што утре на пример ќе имаме заклетва од полицајците, припадници на Армијата и други, каде секој по своја волја ќе може да даде заклетва, некој ќе каже дека заклетва дава на Република Северна, некој ќе може да каже некој друг поим. Иако таа вели дека е потпишана на документ на кој го има уставното име, тогаш која е логиката на заклетвата како церемонија пред 120 пратеници и храмот на демократијата кој вие не го почитувате, бидејќи тоа е Собрание на Република Северна Македонија“ вели Лога.

Тој сепак очекува таквиот лош потег да биде поправен, но според него, штетата е направена

„Јас очекувам овој лош чекор да се поправи, гледаме дека има одредено ретерирање од нејзина страна, но тоа се случува после два дена откако бевме нападнати од сите наши сојузници и соседи и тоа не беше добар почеток на мандатот“ рече Лога.

Back to top button
Close