Локализиран пожар во село Пелинце – изгоре една куќа, избегната поголема катастрофа

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја информира јавноста дека денеска, на 6 јуни 2025 година, во 14:16 часот, на единствениот итен број е-112 била примена пријава за пожар на подрачјето на село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на локација викана Мало Миџунци.

 

Според пријавата, огнот најпрво зафатил сува трева и нискостеблеста шума, но поради ветерот и сувите услови, бргу се проширил и навлегол во селото, каде што целосно изгорела една куќа. Бидејќи во селото живеат повозрасни лица, веднаш била побарана итна интервенција.

ЦУК веднаш ги алармираше надлежните институции:

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Старо Нагоричане,

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС),

Македонски шуми – Подружница Куманово.

Благодарение на брзата и координирана реакција, пожарот бил локализиран за помалку од еден час од страна на ТППЕ Старо Нагоричане. Екипите на терен веќе се подготвени за повлекување, откако го ставија пожарот под контрола.

Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните да бидат внимателни при движење и престој во природа и да не палат отворен оган, особено во летните месеци, со цел превенција на пожари и заштита на имотот и човечките животи

Back to top button
Close