Локалнa риболовна и еколошка акција на кривопаланечките рибари

 Дваесетина членови на спортско-рекреативниот риболовен клуб „Мрена“ од Крива Паланка беа дел од локалната акција за слободен риболов на браната Отошница во општина Ранковце.

Присутните пред почетокот на дружењето спроведоа и еколошка акција со која го расчистија пристапниот дел до браната Отошница на Отошничка река и околината на браната кадешто многу често периодов доаѓаат посетители на еднодневни екскурзии и пикник.

– Сите протоколи препорачани од Министерството за здравство и Владата беа испочитувани, со заштитна опрема и на определена дистанца во најдобар ред помина ова прво дружење и активност од почетокот на пандемијата со Ковид-19. На настанот учествуваа исклучиво членови на ЗСРРК „Мрена“, а веќе договоривме и уште активности кои може да се реализираат до крајот на летото, изјави Зоран Стоилковски, престедател на ЗСРРК „Мрена“- Крива Паланка.

Во текот на пандемијата ЗСРРК „Мрена“ изврши и порибување на Отошничка брана, со 204 килограми крап, додека во Крива Река и останатиот дел до риболовен ревир Крива Река1 беа пуштени и 102 килограми пастрмка. Порибувањето со вкупно 306 килограми риба беше реализирано согласно годишната програма на здружението и согласно годишниот план на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Back to top button
Close