Лондон: Затворски казни за Бугари кои шпионирале за Русија

Суд во Велика Британија им изрече затворски казни на шест Бугари за кои беше докажано дека оперирале во руска шпионска мрежа на британска територија. Се вели дека лицата вршеле надзор од „индустриски размери“.

Централниот криминален суд во Лондон во кој беа изречени казните за Бугарите вмешани во шпионажа за РусијаФотографија: Pond5 Images/IMAGO

Шест Бугари се осудени на затворски казни од нешто повеќе од пет до речиси 12 години за нивната улога во руска шпионска мрежа за која обвинителите велат дека вршела надзор од „речиси индустриско ниво“ за Кремљ.

 

Судијата Николас Хилијард ги изрече казните во Лондон во понеделникот.

Судијата Хилијард го осуди водачот на групата, 47-годишниот Орлин Русев, на 10 години и осум месеци затвор, велејќи му дека операциите кои ги раководел претставуваат сериозен ризик за националната безбедност на Велика Британија.

 

Шпионите работеле преку граници

Русев се изјасни за виновен пред судењето по едно обвинение за заговор за шпионажа за Русија, откако полицијата пронајде илјадници пораки меѓу него и и поранешниот директор на германската компанија Вајркард, Јан Марсалек, кој е осомничен дека раководел единица на бугарски државјани од странство. Марсалек, инаку се наша во бегство.

На судот му било кажано дека Марсалек дејствувал како посредник помеѓу руската разузнавачка служба и Русев, кој ја водел операцијата од поранешен пансион во Грејт Jармут, Норфолк.

Судијата Хилијард при изрекувањето на пресудата рече дека шестмината Бугари биле „мотивирани од пари“ и живееле „многу удобно“ со значителните суми што им биле платениСудијата Хилијард при изрекувањето на пресудата рече дека шестмината Бугари биле „мотивирани од пари“ и живееле „многу удобно“ со значителните суми што им биле платени

Судијата Хилијард при изрекувањето на пресудата рече дека шестмината Бугари биле „мотивирани од пари“ и живееле „многу удобно“ со значителните суми што им биле платениФотографија: empics/picture alliance

Руската амбасада во Лондон не го коментираше случајот, иако Кремљ ги отфрла сите обвинувања за шпионажа.

Шестмината беа осудени за надзор врз новинари, дисиденти и украински војници кои биле на обука во американска воена база во Германија.

 

План за собирање податоци од мобилните телефони на украинските војници

За време на операцијата во Германија, шпионите планирале да пресретнат сигнали на мобилни телефони во касарната Пач, американска база во близина на Штутгарт за која се верува дека во неа се обучуваат украински војници за ракетниот систем Патриот.

Хилијард истакна дека обвинетите биле „мотивирани од пари“ и живееле „многу удобно“ со значителните суми што ги добивале. Иако не работеле директно за руските разузнавачки агенции, тој рече дека признале дека шпионирањето за Кремљ го сметале за „возбудливо и гламурозно

Back to top button
Close