Лондонските масони во тек со модерното време – тајните ритуали ги менуваат со социјални мрежи

Големата лондонска ложа „Метрополитан“ (Metropolitan), одлучи да ја замени традиционалната тајност со користење Тик-ток и техномузика за да привлече помлади членови и да ги разбиe митовите за организацијата, пишува „Тајмс“.

„Метополитан“ споделува видеа на социјалните мрежи од главното седиште на масонеријата во Ковент Гарден – главната зграда на Големата ложа на Англија, прикажувајќи стотици членови во целосна облека додека учествуваат во обреди со електронска музика. Видеата го објаснуваат и значењето на белите ракавици, масонските престилки и други обележја, постигнувајќи милионски прегледи.

 

Целта за ваквиот начин на рекламирање на организацијата е да докаже дека не станува збор за таинствена или „страшна“ групација, туку дека станува збор за обични луѓе со различни професии и сопствени правила.

 

Раководното тело на Обединетата голема ложа на Англија (УГЛЕ) работи на разјаснување на заблудите и зголемување на отвореноста во последните 30 години. Сепак, организацијата и понатаму се доживува како таинствена и поврзана со теории на заговор. Некои ритуали, како церемониите за унапредување на членови, остануваат приватни за да се зачува вековната традиција.

 

-Младите членови бараат чувство на припадност, структура и врска со традицијата, додека главните вредности на масонеријата остануваат да бидат: интегритет, пријателство, почит и хуманитарна работа, посочува Шон Батлер, шеф на УГЛЕ, за членство и комуникации.

Ширум светот, повеќето ложи се состојат од мажи, но постојат и такви каде што има членови и од спротивниот пол.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close