Лозарите испратија дописи до странските амбасади во земјава за извоз на грозјето

– Регионалното здружение „Напредни лозари” од Кавадарци испрати дописи до амбасадите во земјава за поддршка на извоз на македонско грозје.

Како што изјави за МИА претседателот на Здружението, Трајче Кулев, претходно е стапено во контакт со претставници на дипломатските претставништва и е побарана помош за пласманот на годинашниот род.

-Имаме добар квалитет на грозје. Соочени со континуираните проблеми околу продажбата, цената и начинот на плаќање години наназад, решивме да се ангажираме што е можно поголеми количини да заминат во странство. Ова се однесува на земјите со кои имаме бесцаринска зона. Според нашите информации, како последица од климатските промени и невреме, во одделни соседни земји има помал род во лозовите насади. Затоа сакаме да им понудиме наше грозје, кое е надалеку познато како квалитетен производ, нагласи Кулев.

Тој додаде дека само конкуренцијата при откупот може да придонесе за подобар гроздобер оваа година.

Back to top button
Close