ЛШ: Барселона со седум голови во мрежата на Њукасл обезбеди четвртфинале

Фудбалерите на Барселона се пласираа вечерва во четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако го декласираа Њукасл на Ноу Камп со 7-2 и се пласираа меѓу осумте најдобри екипи со вкупен резултат од 8-3..
Двојни стрелци за Барселона беа Рафиња (6, 72) и Левандовски (56, 61), додека Бернал (18), Јамал (45+7/11 м) и Фермин Лопез (51) постигнаа по еден гол.
Двата гола за Њукасл ги постигна Еланга (15, 28).






