ЛШ: Франција забрани навивачи на Ајакс на гостувањето во Марсеј
Навивачите на холандски Ајакс добија забрана за патување во Марсеј за натпреварот од фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) меѓу двата клуба во вторник.
Според декретот објавен во Службен весник што го потпиша францускиот министер за внатрешни работи, властите забрануваат какво и да е „индивидуално или колективно патување на кој било начин, од страна на кое било лице кое тврди дека е навивач на Ајакс, меѓу француските патни, железнички, пристанишни и воздушни гранични премини и градот Марсеј“.
Во декретот конкретно се наведува дека „гостинските натпревари на Ајакс многу често се извор на нарушување на јавниот ред поради насилното однесување на некои навивачи“ и дека ривалството меѓу навивачите на двата клуба е „обележано со непријателство со години“.
Оваа целосна забрана беше очекувана за натпревар класифициран како високоризичен, а префектурата Буш-ду-Рон веќе издаде декрет на 12 септември со кој им се забранува на навивачите на Ајакс да користат јавни патишта во Марсеј и да пристапат до стадионот „Велодром“.