„Луѓе ни гинат, луѓе се селат, а вие партиски се препукувате“ – Ивановски до кочанските функционери

На доделувањето признание по повод Денот на ослободувањето на Кочани, првиот човек на Support Kocani од говорница со остри зборови директно им се обрати на присутните функцинери, советници, директори и пратеници

Многу ми е искрено жал за ваква работа да примам награда. Морам да бидам и искрен малце. Сите сме криви за ова што ни се случи, не може да кажеме и само да осудиме. Да, некој е повеќе крив, некој е помалце крив. Вие кои што седите тука и сте на функција сте малце повеќе криви од нас. Така да, запрашајте се сите и мислам дека е време да ги тргнете партиите настрана. Малце од срце да почнете да правите работи. Ова е ние што успеавме за 6 месеци да направеме за нашиот град. Вие што направивте? Не викам дека ништо не сте направиле. Ама дај седнете, за луѓето почнете да правите сите работи. Дај малце срце да покажеме за Кочани. Луѓето ни се селат, луѓе гинат, а ние партиски се препукуваме, кој бил од една партија, кој бил од друга, кој имал вакви интереси, кој онакви. Дај и сега при крајот вие што сте и и оние нови што ќе дојдат, дај почнете еднаш конечно да размислувате за Кочани. Прво го ставете тоа, па после сите други работи. Може не е време и место сега на ваква прилика, меѓутоа сега во моментот се чувствувам дека ми леже на срце, изјави Ивановски.

Видеото на следниот линк

Back to top button
Close