“Луѓето кои ги сакаме никогаш суштествено не “умираат” – Хемингвеј за најразорната загуба и смислата на животот
Низ спектарот на загуби, од обичните изгyбени клучевите до загубата на љубовта на својот живот, сепак ништо не е понезамисливо, понеразбирливо во прптивприродното кршење на битието и времето, од загубата на детето.

Ернест Хемингвеј (21 јули 1899 – 2 јули 1961) во своите дваесетти години живеел во Франција каде се спријателил со Џералд и Сара Мерфи. Кога двојката се вратила во Америка нивниот син, Баот, починал по тешка борба со менингитис.
По добивањето на веста, триесет и петгодишниот писател им испратил на своите пријатели писмо, делумно за утеха, а делумно посветување на загуба за која нема лек. Писмото е дел од трогателната збирка на Шон Ашер „Писма за белешки: Тага“ (јавна библиотека).
На 19 март 1935 година, Хемингвеј пишува:
Драга Сара и драг Џералд:
Знаете дека нема ништо што можеме да кажеме или напишеме… Вчера се обидов да ви пишам и не можев.
Ова не толку страшно за Баот бидејќи си поминуваше убаво, а потоа го направи она нешто што сите ние мора да го направиме. Штотуку заврши со тоа…Затоа што мораше да умре толку млад.
Запомнете дека си помина многу убаво и дека ни илјада пати нема да го сменат и да го направат тоа подобро. И е поштеден од учењето за тоа какво место е светот.
Ова е ваша загуба: повеќе, отколку негова, па затоа е нешто за кое, легитимно, морате да бидете храбри. Но, јас не можам да бидам храбар и од сè срце ми е жал за вас двајцата.
Апсолутно искрено и со ладна глава, сепак, знам дека секој што умира млад по среќно детство, а никој никогаш не им пружил посреќно детство од она што вие им го пруживте на вашите деца, извојувал голема победа.
Во еден зачудувачки сентимент што евоцира на опомената на Анаис Нин против зашеметеноста на речиси-живеењето и на убедувањето на поетесата Меган О’Рурк, изострено од тага, дека „луѓето што најмногу ги сакаме стануваат физички дел од нас, вкоренети во нашите синапси, во патиштата каде што се создаваат спомените“, Хемингвеј додава:
„Многу малку луѓе навистина се живи, а оние што се никогаш не умираат; без разлика дали ги нема. Никој што го сакате не е мртов.“
Со ова, потсетува на Оден кој смета дека „мора да се сакаме еден со друг или да умреме“, тој е веројатно најблиску до формулирање на смислата на животот. Како Дејвид Фостер Волас, кој се осврна на смислата на животот со таква извонредна луцидност кратко пред да биде изеден од депресијата, Хемингвеј ќе го изгуби истото тоа значење во агонијата што ќе му го одземе животот четврт век подоцна. Сепак, сега тој пишува:
Мора да го живееме животот, сега, ден по ден и да бидеме многу внимателни да не се повредиме едни со други. Се чини како сите да сме на истиот брод заедно, добар брод сè уште, кој сме го направиле, но за кој знаеме дека никогаш нема да стигне до пристаништето. Ќе има секакви временски услови, добри и лоши, а особено бидејќи знаеме дека нема да има пристаниште, мора да го одржуваме бродот многу добро и да бидеме многу добри едни кон други. Имаме среќа што имаме добри луѓе на бродот..
Извор: themarginalian.com
Превод: Мила Макаровска





