Луѓето во Кенија поради храна ги убиваат загрозените диви животни

 Поради пандемијата со новиот коронавирус милиони луѓе во Кенија останаат без работа, поради што многумина се принудени да ги ловат загрозените диви животни, со цел да си обезбедат храна, објави британскиот весник Телеграф.

– Оваа жирафа најверојатно ја опколија три лица и ја соборија на земја. Од неа се отсечени еден тон месо, што вреди околу илјада долари, изјавија ренџерите во едно заштитено подрачје во Кенија.

Пред пандемијата Африка беше посетувана од туристи од целиот свет за да ги видат дивите животни. Но, од крајот на март Владата на Кенија поради пандемијата со новиот коронавирус ја затвори земјата за туристи. Туризмот, кој со девет отсто учествува во кенискиот бруто домашен производ одеднаш остана без приходи. Кон крајот на јуни кениското Министерство за туризам соопшти дека над 80 проценти од туристичките оператори ги испратиле работниците на неплатено отсуство.

Поради раст на стапката на сиромаштијата во Кенија исто така регистрирани се поголем број кражби и проституција.

Back to top button
Close