Луфтханза ќе ја користи платформата Airport Briefing на македонската компанија Synapse Аviation!

Пилотите на Луфтханза ќе ја користат македонската платформа Airport Briefing, која со помош на 3Д технологија за приказ на информации поврзани со рутите и аеродромите, мапите и графиконите им овозможува брз и ефикасен начин на брифирање и зголемена свесност за ситуацијата, што директно влијае на нивната моќ на расудување и носење на одлуки во процесот на пилотирање.

Филип Арсов, ко-основач и сопственик на компанијата Synapse Аviation, во интервју за Иновативност вели дека соработката со еден од водечките брендови на авио индустријата е големо признание и валидација за самата платформа и за нивната работа.

Back to top button
Close