„Луфтханза“ отпушта 29.000 вработени до крајот на годината

Германската авио-компанија „Луфтханза“ до крајот на годината ќе отпушти 29.000 вработени поради пандемијата на коронавирусот, објави весникот „Билд ам Зонтаг“.

Се очекува да бидат отпуштени 20.000 вработени, кои работат надвор од Германија, а компанијата ја продава и својата кетеринг единица „ЛСГ“, која вработува 7.500 работници. Како резултат на овие отпуштања бројот на вработени во „Луфтханза“ ширум светот ќе се намали на 109 000 лица.

Следната година ќе бидат намалени дополнителни 10.000 работни места во Германија. Компанијата веќе потроши три милијарди евра од деветте милијарди евра државна помош што ги доби на почетокот на годината, пренесува СЕЕбиз.

-„Луфтханза“ има вишок од 27.000 вработени со полно работно време, изјави минатиот месец  извршниот директор Карстен Спор.

Компанијата претходно на синдикатите им вети дека нмае да дава присилни откази во замена за кратења на бонусите и другите исплати.

Back to top button
Close