Луис Монтенегро го претстави составот на својата влада, а португалскиот претседател го одобри

Лидерот на португалските социјалдемократи, кои се водечка сила во десничарскиот блок Демократски сојуз, Луис Монтенегро на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса му го претстави составот на неговата влада.

Пред една недела, Монтенегро од претседателот доби мандат да формира нов португалски кабинет. Неговиот централно-десничарски блок освои најмногу гласови на предвремените избори на 10 март, но е далеку од апсолутно мнозинство.

Монтенегро формираше малцински кабинет и ќе мора да се потпре на поддршката од другите партии за секој предлог-закон што ќе сака да се усвои во парламентот.

Составот на владата предложен од Монтенегро вечерва беше одобрен од претседателот.

Новата влада, составена од 17 членови, доаѓа на власт по осум години владеење на социјалистите.

Back to top button
Close