Лукаку го повтори рекордот на Бразилецот Роналдо

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, го отвори резултатот во финалето во Лигата на Европа против Севиља.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер го постигна својот 34. гол за Интер на сите натпреварувања во сезоната 2019/20. Ова е рекорд за Белгиецот во деби сезоната за клубот од Милано. Лукаку го повтори рекордот на двојниот освојувач на „Златната топка“  Роналдо, кој исто така постигна 34 голови за Интер во сите натпреварувања во сезоната 1997/98.

Од 34 голови, Лукаку постигна 23 во Серија А, по два во Купот на Италија и во Лигата на шампионите и седум во Лигата на Европа.

Back to top button
Close