Лукаревска: Ќе продолжиме да го развиваме земјоделството и во новиот мандат 

Носителката на Изборната Единица 2, од коалицијата предводена од СДСМ „Можеме”, Сања Лукаревска, при посетата во Чучер Сандево, каде со граѓаните разговараше за иднината на младите и на државата, рече дека СДСМ се залага за подеднаков развој на сите делови од државата. Зголемени се платите, пензиите и социјалните трансфери. Чучер Сандево е земјоделски крај, а грижата за земјоделците, ќе продолжи и во наредните четири години, порача Лукаревска.

-На овие избори има само една единствена понуда која нуди просперитет, сигурност и ја носи државата на прав пат. Од другата страна е ВМРО ДПМНЕ кои нудат обнова на режим, непријатели и конфликти.  Со СДСМ напредокот и евроинтеграцијата е реалност, рече Лукаревска.

Посочи и дека влезот во НАТО значи и стабилна економија и повисоки плати. Кажа и дека СДСМ  води здравствено безбедна кампања, со цел заштита на здравјето на сите граѓани. Лукаревска ја потенцираше важноста од носење на заштитна опрема, бидејќи свеста е најсилното оружје во борбата против коронавирусот.

Back to top button
Close