Лукаревска: Ги прочистивме листите на должници, се намали и бројот на должници, но се намали и бројот на обврски коишто треба да ги платат сите овие должници

„Пред три години имавме работна група и во секоја регионална дирекција, бидејќи должниците од сите регионални дирекции доаѓаат на една заедничка листа. Таму го гледавме секој обврзник поединечно. Прочистивме дел од таа листа затоа што имаше одредени физички лица коишто се починати или коишто го имаат подмирено долгот, меѓутоа мора да има навремено ажурирање на листата на должници. За истото имавме обврска да ја известиме Владата. Се намали и бројот на должници, но се намали и бројот на обврски коишто треба да ги платат сите овие должници. Повторно ќе направиме уште едно ажурирање за да видиме до каде се состојбите. Имавме разговори со градоначалници, бидејќи поголем дел од јавните претпријатија имаат долгови и се на листата на должници“, истакна Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, во живо на Радио Мрежа Канал 77.

Таа додаде дека се исцрпени сите можни надлежности со цел да им се помогне и на локалните самоуправи за да можат да функционираат.

„Имавме проблеми со одредени јавни претпријатија на централно ниво и таму ги имаме преземено сите дејствија, ги ставивме во режим на плаќање, како што беше случајот со Железници“, посочи Лукаревска.

Таа додаде дека е потребна даночна реформа во одредени законски измени којашто ќе значи ревидирање на сите даночни олеснувања коишто ги имаат компаниите. Дополнително, Лукаревска рече дека има одредени законски слабости, на пример не може да се регистрира фирма ако нема вработени во неа.

Back to top button
Close