Лукаревска: Повисоки плати и пензии, граѓаните сакаат прогрес, а не национализам

 Носителката на ИЕ 2 од коалицијата предводена од СДСМ Сања Лукаревска денеска при посетата на Општина Липково рече дека без разлика на која етничка заедница и вера припаѓаме, сите имаме исти потреби и исти или слични проблеми.

– Изминатите три години направивме многу. Ја внесовме државата во НАТО, на пат сме да станеме членка на ЕУ. Но, ги покачивме и платите и пензиите, ја покачивме и социјалната помош за дури 300 отсто. На граѓаните им е доста од националистичка реторика. Тие сакаат решенија за реалните проблеми, рече Лукаревска.

Лукаревска кажа дека и по 15 јули, ќе се продолжи по исправниот пат.

– Ќе продолжиме да ги враќаме парите назад кај граѓаните. Платите и пензиите ќе продолжат да растат. Минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари, додека просечната плата ќе расте до  34. 000 денари. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 отсто. Обезбедуваме достоинствен живот за сите наши граѓани, рече Лукаревска.

Back to top button
Close