Лукаревска: Во наредниот период ќе се излезе со нов антикризен пакет


Сите институции се во постојана комуникација и во наредниот период ќе се излезе со нов пакет антикризни мерки, изјави вечерва директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

– Во постојана комуникација сме. Веројатно во наредниот период ќе се излезе со новиот пакет. Ги слушаме и целните групи, треба да се направи посебна анализа за тоа која дејност е најмногу засеганата и каде ќе треба најмногу да се вбризга помош, рече Лукаревска во емисијата „Клик плус” на телевизија 21.

Според Лукаревска, намалувањето на ДДВ-то што беше една од мерките од последниот антикризен пакет, не влијаело значително во делот на прибирањето на даноците.

– Сметам дека оваа мерка помогна, но не направи соодветни потреси во делот на прибирањето на даноците. Имаме солидна наплата на даноците, рече Лукаревск

Back to top button
Close