Лукаревска за МИА: Вирусот навистина постои, ако не направев тест, немаше да знам дека сум позитивна

Вирусот навистина постои. Има многу асимптоматски случаи кои на некој начин претставуваат своевиден ризик во контактите со другите луѓе. Јас ако не го направев тестот, немаше да знам дека сум позитивна, вели директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во првото интервју за МИА дадено по нејзиното враќање на работа откако претходно самата обелодени дека е позитивна на корона вирусот.

Лукаревска, која немала никакви симптоми во текот на целиот период на лекувањето, апелира до граѓаните максимално да се грижат за сопственото и здравјето на другите и да ги почитуваат сите протоколи и насоки на Министерството за здравство кое, како што вели, дава се од себе за да се справи со вирусот.

– Шокирачки е да примиш вест дека си позитивен на коронавирусот, иако не очекував такво нешто. Кога отидов да се тестирам, бев толку релаксирана од исходот од тестот, но тоа е, што е. Немав никакви симптоми во текот на целиот период на лекувањето, дури со дел од здравствените работници со кои разговарав ми кажаа дека сум многу слаб преносител. Сите мои колеги и пријатели кои беа посочени во анкетата од моја страна, се негативни, вели Лукаревска.

Во интервјуто, Лукаревска зборува и за мерките што се спроведуваат преку Управата за јавни приходи, а се дел од пакетите владини мерки за справување со последиците од корона кризата. Најавува и контроли за мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари поради дојави за одредени злоупотреби.

Целото интервју со видео материјал ќе биде објавено во текот на утрешниот ден.

Back to top button
Close