Лукаревска: Завршено е ажурирањето на апликацијата МојДДВ, чекаме одобрување уште од „Плеј стор“

„По три години неопходни се промени во апликацијата МојДДВ бидејќи имаме огромен број корисници. Ажурирањето е завршено за корисниците на ‘Хуваеи’ и ‘Ајфон’ и тие може да ја преземат новата верзија, додека од ‘Плеј стор’ се уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Таа додаде дека апликацијата има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

„Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато. Во меѓувреме како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите, скенерите во сите подрачни единици на УЈП“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека апликацијата МојДДВ помага во делот на сузбивање на сивата економија со тоа што граѓаните бараат повеќе фискални сметки на местата каде што пазарат, но истакна дека треба да се вложат повеќе други делови од општеството и сите инспекциски служби за да се избориме со сивата економија

Back to top button
Close