Лукашенко: Белорусија ќе потпише голем договор со САД

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска најави дека Минск набрзо ќе склучи а голем договор за обновување на врските со САД, додавајќи оти нема да се откаже од своите блиски врски со Русија.
– Сè се движи кон голем договор. Сè се движи кон тоа Трамп и јас да се сретнеме и да постигнеме договор, наведе Лукашенко.
До враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа годинава, Лукашенко беше третиран како „персона нон грата“ на Западот поради непочитување на човековите права и неговата поддршка на Русија во војната во Украина.
Лукашенко посочи дека Белорусија и САД разговараат за повторното отворање на амбасадата на САД во Минск, која беше затворена веднаш по руската инвазија врз Украина во 2022 година.
Белорускиот претседател нагласи дека зближувањето со САД нема да биде на сметка на односите со другите земји и оти тој и претседателот на Русија, Владимир Путин имаат „целосно разбирање“ за тоа што се случува.
– Сè додека сум претседател, нема да отстапиме од оваа политика, потенцира Лукашенко,
Неименувани американски претставници изјавија дека Вашингтон се надева дека дијалогот со Лукашенко ќе доведе до негово оддалечување од Путин,
Белоруската опозиција во егзил оцени дека таквите обиди се бесмислени и оти Лукашенко е многу зависен од политичката и економската поддршка од Русија.






