Лукашенко по чорапи на интервју

 Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко појде бос на интервју, односно по чорапи… Без чевли. Видеото е објавено на ТВ каналот Беларус 1. Гостувањето е по повод средбите на шефот на државата со рускиот претседател Владимир Путин.

– Јас би ги почитувал оние кои чистат тука – ќе одам бос!, рече белорускиот претседател, обраќајќи им се на новинарите.

Новинарот Алексеј Кривошеев сведочи дека за време на сите интервјуа, па и она направено од него самиот, Лукашенко бил бос.

Некои од домаќините пак, овој потег го посочија како пример дека се работи за претседател – личност од народот.

Јавноста вели дека ова е уште еден од многуте популистички обиди, ,како оној кога садеше компири, да и се допадне на јавноста и да ги релативизира критиките на неговото владеење.

Back to top button
Close