Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

 

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили, Виктор Гулевич.

-Генерал-мајор, Виктор Гулевич е разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба е потпишана од претседателот, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Гулевич е разрешен од воената служба поради возраста, но дека го задржува правото да носи воена униформа.

Лукашенко вчера го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лоши резултати.

Back to top button
Close