Лукашенко и нареди на армијата да реагира без предупредување на западната граница

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, му нареди на раководството на Министерството за одбрана да реагира без предупредување во случај на повреда на западната граница.

-Нема да има предупредувања. Ние веќе ги предупредивме. Ако ја нарушат државната граница ќе реагираме без предупредувања, рече Лукашенко.

Тој оваа наредба му ја даде на министерот за одбрана, Виктор Хренин, за време на посетата на теренот за воена обука кај градот Гродно, јави Тасс.

Хренин на Лукашенко реферираше дека трупите на НАТО во Литванија „се приближуваат кон границата, се вртат и заминуваат“.

-Но, ние ги гледаме. Ако во недела тоа движење на силите е во наш правец, ако тоа се случи, тогаш ќе дејствуваме во согласност со ситуацијата, предупреди Хренин.

Лукашенко претходно кажа дека координаторите на немирите во Белорусија се во странство и дека антивладините активисти добиваат финансиска помош од странство. /

Back to top button
Close