Лукашенко и нареди на полицијата да стави крај на протестите

– Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека издал наредна Министерството за внатрешни работи да стави крај на немирите во Минск, што избувнаа по претседателските избори одржани на 9 август.

Според белоруската новинска агенција БЕЛТА, Лукашенко истакнал дека групата медиумски работници кои се придружија на протестите не треба да им се дозволи да се вратат на работа.

Исто така, Лукашенко нареди зајакнување на безбедноста на границата со цел да се спречи влез на „борци и оружје“ во земјата.

Back to top button
Close