Лукашенко нареди распоредување на припадници на десантната единица на границата со Полска

–  Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко нареди распоредување на дополнителни припадници од десантната единица од Витебск во Гродно, а во врска со напнатата состојба на западните граници, објави белоруската државна новинска агенција „Белта“.

Говорејќи на состанок во Центарот за стратешко управување при Министерството за одбрана, Лукашенко изрази посебна загриженост поради вежбите на силите на НАТО во Полска и Литванија, пренесува БГНЕС.

– Затоа ќе побарам дополнителни сили (да бидат дислоцирани) и поради тензичната состојба на западните граници, припадници на десантна единица ќе бидат пренесени од Витебск во Гродно, рече Лукашенко.

Back to top button
Close