Лукашенко: Путин има добро мировно понуда што Украина треба да ја прифати
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска, по повеќечасовна средба со рускиот претседател Владимир Путин, дека постои „добра понуда“ за преговори што украинското раководство треба да ја прифати, доколку не сака да ја загуби целата земја.
– Има добра понуда на маса. Ако Украинците не ја прифатат, ќе го изгубат она што останало. Володимир Александрович (Зеленски) треба да се смири и да запре, рече Лукашенко.
Тој изјави дека во 2022 година, на почетокот на војната, Украина можела да го задржи истокот, освен Крим, но поради одбивањето на компромис, изгубила уште територии. – Ако сега не застанат, ќе ја изгубат целата Украина, предупреди тој.
Лукашенко додаде дека предложената иницијатива прво била предадена на американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска и потоа доставена до Вашингтон за разгледување.
Белорускиот лидер истакна дека заедно со Путин го разгледале извештајот на рускиот Генералштаб и оцени дека е тешко да се запрат руските сили, бидејќи „повеќето поголеми населени места се речиси ослободени“.