Луксузното BMW со кое се појави Касами е во сопственост на негов роднина и бизнисмен

Возилото марка BMW со тетовски регистарски таблички, со кое тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА Биљал Касами дојде на лидерската средба во Клубот на пратеници, е во сопственост на негов близок роднина со инцијали Р.А, кој поседува компанија за бетонски елементи со седиште во Желино, дознава „Фокус“.

На лидерската средба што завчера се одржа во Клубот на пратеници, големо внимание привлече тоа што градоначалникот на Тетово Биљал Касами, кој воедно е и лидер на БЕСА и еден од фронтмените на владејачката коалиција ВЛЕН, пристигна со луксузно возило марка BMW, во вредност од над 100 илјади евра.

 

Со оглед дека тоа предизвика лавина коментири и реакции во јавноста, реагираа од таборот на Касами, од кадешто за медиумите, меѓу другото, изјавија дека возилото не е негово, туку дека тоа било позајмено од причина што неговото службено возило било расипано.

„Автомобилот со кој пристигнав не е моја сопственост, и покрај шпекулациите што кружеа во медиумите и социјалните мрежи. Тој автомобил беше користен привремено, бидејќи службениот автомобил моментално е на поправка. Мојот личен имот редовно се пријавува и е достапен за јавноста, во согласност со законот“, гласи изјавата на Касами што ја објави СДК.

Според информациите кои ги пренесе „Фокус“, посоченото BMW е во сопственост на лице со иницијали Р.А, кој е му е роднина на Касами или поточно – негов вујко. Всушност, кога ќе се погледне регистарската табличка на возилото, фатена од страна на телевизиските камери, на крајот може да се забележат буквите РА, кои одговараат токму на иницијалите на споменатиот роднина на Касами.

Повеќе

Back to top button
Close