Луксузот му го плаќале граѓаните на Македонија да ги штити нив а не Бугарите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да се извини на Македонците за, како што вели, болката што им ја нанесе со начинот на кој го води процесот со Бугарија.

„Министерот за надворешни работи треба да води сметка дека тој ја добива својата месечна плата и овој, би рекол, луксузен живот што го води е од граѓаните во Македонија. И треба да ги штити интересите на граѓаните во Македонија, а не да ги штити интересите на граѓаните во случајот на соседна Бугарија. Во периодот што следува, единственото нешто што нему му преостанува е, пред сè, да им се извини на своите сограѓани Македонци за болката што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој го води овој процес со нашиот источен сосед“, рече Мицкоски.

 

Back to top button
Close