„Лупа.бг“: Мицкоски аплицирал за бугарско државјанство во Скопје во 2008


Во 2008 година, премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, поднел барање до бугарското конзуларно претставништво во Скопјe за бугарско државјанство“, објави вчера бугарска „Лупа“. Како што стои во текстот на бугарскиот медиум, во тоа време, генерален конзул на Бугарија во Македонија бил извесен Венцислав Цветанов.

Бугарскиот медиум пишува и дека дел од роднините на Мицкоски имаат фирми во соседна Бугарија. „Лупа“ додава и дека снаата на премиерот има бугарски пасош.

Неодамна бугарскиот министер за внатрешни работи, Даниел Митов обелодени дека над 216 илјади пасоши со бугарско државјанство се издадени на граѓани на Македонија.

-Во периодот од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година издадени се 216.594 пасоши на бугарски државјани за кои има информации за второ државјанство на Република Северна Македонија, изјавил Митов.

Министерот нагласил дека „основата за издавање бугарски пасош произлегува од стекнувањето на бугарско државјанство од страна на лицата“.

Според Законот за бугарски лични документи, пасошите се издаваат само на бугарски државјани.

Back to top button
Close