Мјанмар: Со женска облека против полицијата

Демонстрантите во Мјанмар со цел да ги успорат полицијаците и војниците на улиците поставија жици на кои има женска облека.

Поминувањето под жици со женска облека во Мјанмар традиционално се смета дека носи лоша среќа за мажите.

Демонстрантите истакнаа дека на тој начин се успорени полицајците и војниците.

Повеќе од 50 демонстранти загинаа во судири со безбедносните сили во текот на протестите.

Протестите во Мјанмар почнаа откако армијата на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи.

Back to top button
Close