Маја Морачанин за ,,Независен. мк “-Нападите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа револт и отпор кај нас

ВМРО-ДПМНЕ со нападите врз ДОМ, ЛДП и ДС одбра стратегија како да стигне до предвремени избори откако не успеа да направи ново парламентарно мнозинство.

„Но, лоша им е тактиката. Тоа предизвикува многу повеќе отпор и револт кај сите, во сите партии и кај нашите поддржувачи“, вели лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во интервју за „Независен“ по канонадата тешки обвинувања и дисквалификации на опозициската партија – и во Собранието и преку партиски соопштенија.

Таа е воздржан оптимист дека конечно можат да стигнат до целта – Македонија една изборна единица. Најважно е, вели Морачанин, за тоа конечно да се отвори дебата во Собранието, па може да се моделираат интересите на сите во една одлука, која ќе биде поддржана од најголемиот дел од пратениците Неочекувано, во собраниската дебата при изборот на новата влада ВМРО-ДПМНЕ ги обвини ДОМ, ЛДП и ДС дека биле дел од мнозинството поради две работи: или дека сте уценети или сте криминализирани. Дали се чувствувате непријатно кога некој дава толку тешки оценки за вас.

Апсолутно да. И затоа во саботата барав процедурално и реагирав до претседателот на Собранието, Џафери, за да интервенира и да не дозволи таков говор на омраза, навреди и клевети да се искажува во парламентот затоа што тоа е недостојно и непримерено однесување. Мора да се подигне нивото на политичката дебата оти ова е непримерно.

Не може така да се изнесуваат такви паушални квалификации, како што го направи тоа Александар Николоски. Во политиката често нема милост. Дали кога некој ве обвинува дека сте криминализирани или корумпирани одговорот треба да реторички мек или треба да биде соодветен на нападите?

Веројатно да. Јас секогаш се обидувам да бидам крајно коректна и да не влегувам во реториката што ја користат оние што напаѓаат. Но веројатно тоа не е доволно, бидејќи некако одговорот се губи во фонот на обвинувањата. Кога во неделата повторно ме прозиваше директно Николоски во неговата реплика во таа една минута му одговорив дека тоа што го кажува е непримерно, бидејќи ниту сме уценети ниту сме во криминал.

Од каде доаѓаат нападите на ВМРО-ДПМНЕ кон вас: дали тие мислат оти сте слаба алка во мнозинството и кога таа ќе пукне ќе падне и владата? Мислам дека сега тоа е некоја нивна стратегија – како да вршат притисок врз пратениците за владата да падне, оти јасно е дека нивната намера се предвремени избори. Не успеаја да формираат ново мнозинство и сега се прави притисок врз четирите пратеници од ДОМ, ЛДП и ДС да ја напуштиме владината коалиција.

Дали тоа создава контрареакција, дека после толку напади кај вас се создава отпор да не попуштите пред притисоците? Ако некој даде една изјава може да кажам – тоа е личен став. Но бидејќи неколку дена тоа е истата реторика од различни луѓе и преку партиски соопштенија претпоставувам дека одбрале таква стратегија да стигнат до целта. Но, лоша им е тактиката. Тоа предизвикува многу повеќе отпор и револт кај сите, во сите партии, бидејќи не станува веќе збор лично само за Маја, Горан или Павле или пратеник, туку и кај луѓето во партијата и кај поддржувачите

. Дефинитивно, ова нема да им помине, само ќе создаде уште поголем револт кај луѓето.

Целото интервју на Маја Морачанин на независен.мк

Back to top button
Close