Маја Сиванјанам е новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија
Нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија ќе биде Маја Сиванјанам.

Како што објави британската амбасада на својата Фејсбук-страница, таа ќе ја преземе должноста во август годинава од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на должност од 2022 година.
Според нејзината биографија, Сиванјанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во британската амбасада во Анкара, Турција.
Од 2023 до 2025 година ја извршувала и функцијата заменик-директор на самитот на Европската политичка заедница, кој минатата година се одржа во Лондон






