Маѓар најави ревизија на инвестициите во железницата Будимпешта-Белград


Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави ревизија на инвестициите во железницата Будимпешта-Белград.

Како што изјави во објава на Фејсбук, унгарската влада вчера донесе „многу исклучително важни одлуки“, од кои една е преглед на инвестициите во железницата Будимпешта-Белград.

Унгарскиот министер за транспорт и инвестиции, Давид Витези, пред неколку дена изјави дека се идентификувани бројни проблеми во проектот за железница Будимпешта-Белград.

Тој во Парламентот изјави дека дури се поставува и прашањето дали Унгарија и Србија навистина успеале да го насочат развојот на железничката врска меѓу Белград и Будимпешта на правилен начин.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close